ЗАГИНАЛ ОДГОВОРНИОТ ЗА ПИРОТЕХНИКАТА Тошковски најави нови апсења за трагедијата во Кочани
Тошковски истакна дека дискотеката била сместена во објект кој е наменет за лесна индустрија, а не за угостителство, што ја прави неадекватна за ваков тип на настани. Покрај тоа, се дознава дека во целиот клуб имало само два противпожарни апарати, што дополнително ги зголемува ризиците.
Пиротехниката во дискотеката Пулс во Кочани, која доведе до трагичниот пожар, била донесена од страна на бендот ДНК, потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, по разговор со еден од членовите. Лицето што било задолжено за употреба на пиротехничките средства, за жал, го загубило животот во несреќата.
По завршувањето на увидот, ќе биде подготвен извештај за Обвинителството, кој ќе ги утврди деталите и ќе се процени дали пиротехниката требала да поседува сертификат за употреба, како што е пропишано со закон.
Тошковски истакна дека дискотеката била сместена во објект кој е наменет за лесна индустрија, а не за угостителство, што ја прави неадекватна за ваков тип настани. Покрај тоа, се дознава дека во целиот клуб имало само два противпожарни апарати, што дополнително ги зголемува ризиците.
Концертот на бендот ДНК бил организиран без формален договор со одржувачите на клубот, што дополнително ја става под прашање безбедноста на настанот. МВР не било информирано за овој настан, а според законот, организаторите имале обврска да ги обезбедат сите потребни услови за безбедно одржување на такви настани.
– Денеска констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што слободно можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба, коишто требало да ги следат прописите. Во текот на денешниот ден ќе има повеќе приведени од повеќе институции, од МВР и други кои би требало да се одговорни при издавањето на лиценцата. Корупција и криминалот не доведуваат до фаза да ги губиме животите на нашите деца. Или одлучно и системски ќе смениме нешто во оваа држава или ќе ја немаме – рече Тошковски.
Тој додаде дека мора да се покаже свесност и одлучност за сите постапки кои треба преземат, секој еден којшто има директна или индиректна од овој кривично правен настан, ќе одговара. Секој еден, поранешен или сегашен.
Министерот исто така изјави дека е повлечена локалната потерница која беше распишана за 4 лица, бидејќи тие се веќе обезбедени.
Во Скопје, според зборовите на Тошковски на распит 5 лица приведени во Скопје, меѓи кои и еден поранешен министер. Тој додаде дека биле извршени претреси кај вработени во министерството економија, одземени се електронски уреди, оружје и доказни материјали.
Вчера 13 лица во Штип биле приведени сопственикот на дискотеката, продавачите на билети, две лица од обезбедување, приведени се тројца пазарни инспектори, еден од трудова инспекција, како и полициски службеници. На 14 лица, вели министерот им е одреден притвор од 48 часа.
Тој додаде дека МВР било повикано за службениците кои вршеле контрола во делот на недозволена трговија со дрога, а влегле неколку минути пред да започне пожарот.
– Полицаецот бил внатре и помагал да излезат лицата од дискотеката. Другите двајца службеници биле надвор, затоа не се повредени, но помогнале при евакуацијата – рече Тошковски.
Тој рече дека во однос на работното време, дали требала да работи или не по полноќ, по законска регулатива на ноќни барови и кабареа имаат можност да работат до 04 часот.