Загинаа пет пациенти со ковид-19 кои биле на респиратор во Русија

265

Пет лица заболени од ковид-19 загинаа во пожар што утрово избувна во една болница во Санкт Петербург.

Пожарот настанал од краток спој на еден од респираторите на одделот за интензивна нега, јавија руските новински агенции. Сите загинати биле приклучени на респиратор.






– Респираторите се преоптоварени и тоа довело до краток спој кај една од машините – рекоа од болницата.

Засега не е познат бројот на повредени во пожарот, поради кој биле евакуирани повеќе од 150 луѓе од болницата.

Поврзани содржини