ЗАГИНАА ДОДЕКА СПАСУВАА ПОВРЕДЕНИ Најмалку 16 луѓе загинаа во двојна сообраќајка во Туркије

Помеѓу загинатите тројца се пожарникари, четворица вработени во брза помош и двајца новинари.

1,003

Најмалку 16 луѓе загинаа, а 22 се повредени во двојниот судар во близина на градот Газиантеп, објавија турските власти.

– Помеѓу загинатите тројца се пожарникари, четворица вработени во брза помош и двајца новинари – изјави гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.






Спасувачките служби пристигнале на местото на несреќата во која учествувал минибус, а потоа во нив удрил патнички автобус, кој се превртел и се лизгал 200 метри при што удрил во возилото на брзата помош и медиумските екипи.

Двата новинари кои загинаа биле вработени во новинската агенција ИХА.

Поврзани содржини