ЗАГИНАА ЧЕТВОРИЦАТА ИСЧЕЗНАТИ АМЕРИКАНЦИ ВО ЛИТВАНИЈА Генсекот на НАТО вели дека ова е застрашувачка вест
Дознавме дека четворица американски војници загинале во инцидент во Литванија. Во оваа фаза ги имаме само овие информации и не ги знаеме деталите. Ова е навистина застрашувачка вест и нашите мисли се со семејствата и најблиските на војниците, рече Марк Руте, генералниот секретар на Алијансата.
Четворицата американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба во Литванија загинаа, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Тој додаде дека се уште не знае детали за тоа што се случило со војниците.
Генералниот секретар, кој е во посета на Полска, рече дека неговите мисли во овој момент се со семејствата на четворицата војници и со САД.
– Дознавме дека четворица американски војници загинале во инцидент во Литванија. Во оваа фаза ги имаме само овие информации и не ги знаеме деталите. Ова е навистина застрашувачка вест и нашите мисли се со семејствата и најблиските на војниците – рече Руте.
Четворицата војници исчезнаа за време на воена вежба, а литванската војска и полиција, заедно со американски воен персонал, започнаа потрага по нив.
Амбасадата на САД во Литванија на мрежата Икс објави дека војниците исчезнале во тренинг област кај градот Пабраде во источна Литванија, во близина на границата со Белорусија.