📽 ЗАГИНАА 68 МИГРАНТИ ВО БРОДОЛОМ КАЈ ЈЕМЕН, ТЕЛАТА СЕ ПОЈАВИЛЕ НА БРЕГОТ Смртоносната маршрута од Источна Африка повторно зема жртви

Директорот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Јемен, Абдусатор Есоев, соопшти дека пловилото се превртело во раните утрински часови во неделата, во Аденскиот Залив, во близина на јужната јеменска провинција Абијан. Телата на 54 мигранти биле пронајдени на брегот во округот Ханфар, а уште 14 биле извадени од морето и префрлени во мртовечницата на болницата во Зинџибар, главниот град на Абијан. Само 12 мигранти преживеале, додека, пак, останатите се водат како исчезнати и се претпоставува дека се мртви

85

Чамец што превезувал 154 мигранти се превртел кај брегот на Јемен во неделата, при што загинале најмалку 68 африкански мигранти, додека, пак, 74 се водат како исчезнати, соопшти Агенцијата за миграција на Обединетите нации, објави Тајмс нау њуз.

Овој трагичен инцидент е последен во низата смртоносни бродоломи кај Јемен, каде што стотици африкански мигранти ги загубиле животите обидувајќи се да избегаат од конфликти и од сиромаштија во потрага по подобар живот во богатите земји од Заливот.






Телата на 54 мигранти се појавиле на брегот

Директорот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Јемен, Абдусатор Есоев, изјави дека пловилото се превртело во Аденскиот Залив, кај јужната јеменска провинција Абијан, во раните утрински часови во неделата. Тој изјави дека телата на 54 мигранти се појавиле на брегот во округот Ханфар, а уште 14 биле извлечени и пренесени во мртовницата на болницата во Зинџибар, главниот град на провинцијата Абијан, на јужниот брег на Јемен.

– Само 12 мигранти преживеале, додека останатите се водат како исчезнати и се претпоставува дека се мртви – изјави Есоев.

Во меѓувреме, од Безбедносната дирекција на Абијан соопштија дека е спроведена обемна операција за пребарување и за спасување, поради големиот број на загинати и исчезнати лица. Голем број тела биле пронајдени расфрлани на широка површина долж брегот.

Јемен е главна маршрута за мигранти од Африка

И покрај повеќе од една деценија граѓанска војна, Јемен и понатаму е главна маршрута за мигранти од Африка кои се обидуваат да стигнат до земјите од Заливот во потрага по работа. Мигрантите честопати се транспортираат од страна на криумчари во опасни и во пренатрупани чамци преку Црвеното Море или преку Аденскиот Залив.

Во изминатите месеци, неколку мигранти загинаа или се водат како исчезнати во бродоломи кај бреговите на Јемен, вклучувајќи го и инцидентот во март, кога двајца мигранти загинаа, а 186 беа пријавени како исчезнати по потонувањето на 4 чамци кај Јемен и Џибути, според податоците на ИОМ.

Поврзани содржини