ЗАГИНАА 24 ДЕВОЈЧИЊА ВО УЧИЛИШТЕ ВО ИРАН, ИМА МРТВИ И ВО ЕМИРАТИТЕ И ВО ИРАК Први цивилни жртви во големата воена ескалација на Блискиот Исток

Во денешните израелски напади врз градот Минаб во Иран, беше погодено основно училиште за девојчиња и убиени се 5 ученички, тврди ирански функционер.

767

Најмалку 24 ученички се убиени во ракетен напад во јужниот ирански округ Минаб, откако Израел и САД почнаа воздушни напади врз земјата, соопштија ирански официјални лица.

Основно училиште за девојчиња во покраината Хормузган беше погодено, објави и новинската агенција Тасним, повикувајќи се на заменик-гувернерот на покраината.






„Ова училиште беше директна цел на овој напад“, рече Тасним, додавајќи дека се во тек спасувачки операции и отстранување на урнатините.

Во покраината Хормузган има неколку поморски бази на иранските вооружени сили.

Советот за национална безбедност на Иран им советуваше на жителите да го напуштат главниот град Техеран.

„Треба да патувате на други места и градови што е можно помирно ако можете“, соопшти Советот.

Снабдувањето со дневни потреби не е засегнато, се вели во соопштението, но се додава дека луѓето треба да избегнуваат собирање во трговски центри, бидејќи тоа може да биде опасно.

Училиштата и универзитетите ќе останат затворени до понатамошно известување. Банките ќе останат отворени, а владините услуги ќе бидат ограничени.

И во Обединетите Арапски Емирати има цивилни жртви.

Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека земјата била подложена на „очигледен напад од ирански балистички ракети“. Додаде дека системите за воздушна одбрана на ОАЕ „работеле многу ефикасно“ и успешно пресретнале повеќе ракети. Но, остатоците паднале врз станбена област во Абу Даби, предизвикувајќи материјална штета и смрт на азиски цивил, чиј идентитет не е објавен.

Министерството го осуди нападот како „опасна ескалација“ и „кукавички чин“ и рече дека ОАЕ „го задржува целосното право да одговори“.

На социјалните мрежи се објавеи видеа од масовна евакуаија од Дубаи. Километарска колона возила го напушта градот и се упатува кон пустината.

Исто така, со беспилотно летало е погодено седиштето на милицијата Катаиб Хезболах, поддржана од Иран, во областа Џурф ал-Сахар во Ирак, југозападно од Багдад. Загинаа најмалку 2 лица, а ранети се четворица, соопштија двајца претставници на милицијата.

🎥 ЕКСПЛОЗИИ ВО БАХРЕИН, ВО ЕМИРАТИТЕ… Иран ги гаѓа американските бази со ракети, „гори“ Блискиот Исток

Поврзани содржини