Загинаа 17 војници откако филипински авион ја промаши пистата

390

Најмалку 17 војници загинаа  откако филипински воен авион „Ц-130“ со 85 војници во него се урна на југот на земјата, откако ја промаши пистата за време на слетувањето и веднаш се запали,изјави денеска началникот на армијата, пренесе ДПА.

– Најмалку 40 војници се спасени во несреќата до која дојде на островот Џоло, на 1.000 километри јужно од Манила – изјави генерал Цирилито Собејана, началник на Генералштабот на вооружените сили.






Тој додаде дека командантот за копнените сили вложува максимални напори да го изгасне пожарот и да ги спаси патниците.

Собејана кажа дека авионот „Ц-130“ пренесувал војници кога ја промашил пистата и се урнал додека „се обидувал да ја врати силата на моторите“.

Поврзани содржини