Загина велосипедист, повреден градежник, тепачка пред тетовска болница

797

КАТЛАНОВЕЦ ПРИВЕДЕН ЗА МАРИХУАНА – Полициски службеници вчера во 19.10 часот го лишиле од слобода Д.Д. (31) од Катланово бидејќи кај него се пронајдени нож и марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

МАРИХУАНА НАЈДЕНА КАЈ ТЕТОВЦИ – Вчера во 22.30 часот на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници ги лишиле од слобода А.А.(25) и Ф.Л.(30), двајцата од Тетово, затоа што при преглед кај нив бил пронајдена марихуана.По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.






АЛБАНЕЦ ЗЛОУПОТРЕБИЛ ТУРИСТИЧКИ ПРЕСТОЈ – Во Гостивар вчера во 20.15 часот приведени се М.К.(25) од Албанија, затоа што го злоупотребил туристичкиот престој во земјава. Тој е задржан во полициската станица Гостивар и ќе биде предаден на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

БЕРОВЕЦ ПАДНАЛ ОД ВЕЛОСИПЕД И ЗАВРШИЛ НА КЛИНИКА – Шеесет и едногодишен велосипедист од Берово вчера околу 14.20 часот паднал и се повредил на пат од селото Чифлик кон селото Смојмирово на местото викано Брестово.  Пренесен е во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Берово.

ТЕТОВЦИ СЕ СТЕПАЛЕ ПРЕД БОЛНИЦА – Вчера околу 15.30 часот пред Клиничката болница во Тетово, биле лишени од слобода Н.Х.(48) од Тетово и М.А.(32) од село Челопек, бидејќи Н.Х. со дрвен предмет го нападнал М.А., а при интервенцијата, полициските службеници биле попречувани во вршењето на службените дејства од М.А., кој притоа се здобил со повреда.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОЧИНА ВЕЛОСИПЕДИСТ – Велосипедист од Македонски Брод починал во сообраќајна незгода со патничко возило „мицубиши“. Несреќата се случила вчера околу 14.50 часот на регионален пат Скопје–Македонски Брод, кај местото викано „Бабин дол“ кога патничкото возило со скопски таблички управувано од Г.В.(47) од Македонски Брод, удрило во велосипедист С.П.(65) од Македонски Брод. Повредениот е пренесен во здравствена установа во Македонски Брод каде подлегнал на повредите. Увид на местото на незгодата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Македонски Брод.

ПОВРЕДЕН ГРАДЕЖНИК – Педесет и шестгодишен кавадарчанец се здобил со тешки повреди при градежни активности на улицата „Битолска“ во Кавадарци. Случајот е пријавен завчера во 14 часот во полициската станица во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

КУМАНОВКА КАСНАТА ОД КУЧЕ – Во полициската станица во Куманово утринава во 07.30 часот од страна на Е.К. (48) било пријавено дека е касната од куче скитник.

Поврзани содржини