ЗАГИНА УМЕТНИКОТ ШТО ГО ИСМЕЈУВАШЕ ПРОРОКОТ МУХАМЕД Ал Каеда нудеше 100.000 долари за неговото убиство
Вилкс е под полициска заштита од 2007 година, откако доби смртни закани поради карикатура на пророкот Мухамед.
Шведскиот уметник Ларс Вилкс, познат по цртањето карикатура на пророкот Мухамед на кој ја нацрта главата на пророкот Мухамед на телото на куче, загина во сообраќајна несреќа, објави Би -Би -Си, повикувајќи се на локални медиуми.
Наводно, Вилкс бил во автомобил на цивилната полиција кој се судрил со камион во близина на градот Маркарид, на југот од Шведска. Полицијата соопшти дека засега не е јасно како дошло до судирот.
Загинаа и двајца полицајци, а возачот на камионот е повреден.
Вилкс е под полициска заштита од 2007 година, откако доби смртни закани поради карикатура на пророкот Мухамед.
По објавувањето на карикатура за Мухамед, Ал Каеда во Ирак понуди награда од 100.000 долари за неговото убиство.
Пред објавувањето на таа карикатура, Вилкс во голема мера беше непознат надвор од Шведска.
Во Шведска, тој беше најпознат по тоа што изгради скулптура од дрво во природен резерват во јужна Шведска без дозвола, што предизвика долг правен спор. Тој беше казнет, но скулптурата на брегот – куп дрвја заковани на хаотичен начин – привлекува десетици илјади посетители годишно.