Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во Преспа во која едно лица загина, а три се тешко повредени меѓу кои и 10 годишно дете.
Како што објави Телма, животот во сообраќајката го загубила 60 годишна жена додека детето и маж на возраст од 40-тина години се првично хоспитализирани во битолската клиничка болница, но поради сериозноста на повредите во моментот се транспортираат на скопските клиники.
Во болницата во Битола, засега, останува третиот тешко повреден во сообраќајна несреќа кој е на возраст од 60-тина години.