Вработен во Макстил загина денеска при несреќа во производствениот погон на фабриката, соопшти компанијата.
Веднаш биле алармирани сите надлежни служби кои направиле записник од настанот и започната е истрага за причините за несреќата.
„Би сакале да ја информираме јавноста дека денеска во утринските часови се случи несреќе во која животот го загуби наш вработен. Нашите мисли и целосна поддршка се со семејството на нашиот колега“, соопшти Макстил.
Макстил ги отстапува сите свои човечки и материјални ресурси, за помош во истрагата за откривање на причините за оваа несреќа.