Загина работник при одрон на земја

Според информациите, Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ и наредил да се изврши обдукција на телото на починатиот.​

1,523

Од МВР известија дека при извршување на градежни работи во Кривогаштани, работникот бил затрупан од одрон на поголемо количество земја и починал на лице место.

– Денеска при ископ на канализациона мрежа во селото Бела Црква (Општина Кривогаштани) животот го загубил 63-годишен работник. Тој бил ангажиран за вршење на работи од фирма од струшкото село Велешта. Од полицијата известија дека работникот бил затрупан од одрон на поголемо количество земја и починал на лице место – се вели во соопштението од Јавното обвинителство.






Според информациите, Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ и наредил да се изврши обдукција на телото на починатиот.​

Поврзани содржини