📸 ЗАГИНА ПОЛИЦАЕЦ ОД ПРИДРУЖБАТА НА ОРБАН 69-годишна жена со БМВ вчера направила карамбол во Штутгарт

Орбан вчеравечер ја гледаше драматичната победа на Унгарија над Шкотска на натпреварот од ЕП 2024 година. На патот до аеродромот 69-годишна жена со БМВ влегла на затворената раскрсница и удрила во мотоцикл од конвојот, при што еден полицаец од придружбата настрадал, а другиот е тешко повреден.

1,464

Еден полицаец загина, а уште еден е тешко повреден откако придружбата на унгарскиот претседател Виктор Орбан била вклучена во страшен сообраќаен судир. Несреќата се случила околу 11:15 часот во квартот Дегерлох во Штутгарт, Германија, кога унгарскиот лидер бил придружуван до аеродромот.

Мотоциклистичкиот одред на сообраќајната полиција во Штутгарт го придружуваше унгарскиот претседател до аеродромот во Штутгарт на Лефелштрасе.






Но, 69-годишна жена која управувала со БМВ, занемарила дека полицијата веќе ја затворила раскрсницата, па свртела лево и удрила во моторциклот на 61-годишниот полицаец кој го следел автомобилот на Орбан.

Од силината на ударот моторот било фрлено врз моторот на 27-годишен колега на мотоциклистот, кој со својот мотор ја блокирал раскрсницата за сообраќај.

Во судирот двајцата полицајци се тешко повредени и итно се пренесени во болница, пишува германскиот таблоид „Билд“.

Но, и покрај максималните напори на итната помош, 61-годишниот полицаец набрзо починал од повредите.

Јавното обвинителство и полицијата во Штутгарт преку соопштение обзнанија дека се случила несреќа.

Орбан вчеравечер ја гледаше драматичната победа на Унгарија над Шкотска на натпреварот од Европското првенство.

 

Поврзани содржини