ЗАГИНА ПЕШАК КАЈ СЕЛОТО ТРКАЊЕ Тешка сообраќајка на патот Штип-Кочани

Од СВР Штип во изјава за МИА информираат дека собраќајот се пренасочува по експресниот пат и во тек е увид од страна на истражните органи. 

375

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на регионалниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање.

„Денеска (21.09.2024) во ОВР Кочани било пријавено дека околу 08.00 часот на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с.Тркање, кочанско, патничко возило ‘опел астра’ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.А.(26) од с.Облешево, кочански, удрило во пешакот С.С.(56) од с.Теранци, кочанско. Од здобиените повреди пешакот С.С. починал на местото, а лекар констатирал смрт. Увид извршила екипа од ОВР Кочани“, соопшти МВР.

Поврзани содржини