ЗАГИНА ПЕЈАЧ НА „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“ Автобус му налетал на автопат

3,431

Поранешниот учесник на „Ѕвездите на Гранд“, Немања Вуковиќ (22) загина во страшна несреќа кога на него налета автобус и го усмртил.

Како што пренесуваат медиумите, тој загинал кога се обидел да го премине автопатот, а извори од истрагата тврдат дека полицаецот го предупредил да не го прави тоа.






– Немања додека возел имал сообраќајна несреќа и најверојатно поради дефект на автомобилот пејачот изгубил контрола и удрил во банкината. Зад него имало две возила и тие се судриле. Тој судар не е директно поврзан со несреќата на Немања. Младиот пејач излегол од автомобилот за да види што се случило, а преку патот на другата лента на автопатот бил полицаец кој му рекол да остане со своето возило додека не ја провери состојбата на возачите во другите две возила, кои се судриле само неколку моменти подоцна – вели извор близок до истрагата.

Меѓутоа, под неутврдени околности, пејачот сепак почнал да трча по автопатот.

– Пејачот во следниот момент, не слушајќи што му кажува полицаецот, од непознати причини се обидел да го премине автопатот кога на него налетал автобус и го усмртил на лице место – изјавил изворот за „Телеграф“ и додал:

– Останатите двајца возачи се сослушани во станица, а против еден од нив, кој е државјанин на Украина, ќе биде поднесена кривична пријава – додава изворот.

Инаку, за страшната несреќа е известено и надлежното обвинителство, по што е наредена обдукција на телото и сите други дополнителни вештачења кои ќе помогнат во истрагата.

Поврзани содржини