ЗАГИНА МОТОЦИКЛИСТ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО ОХРИД Се судрил со возило „мазда“

Сообраќајот на магистралниот патен правец е во прекин, а полициска екипа во присуство на јавен обвинител врши увид на местото на незгодата.

598

Мотоциклист загина во сообраќајната несреќа што  попладнево се случи на магистралниот пат што ги поврзува Охрид и Свети Наум  на крстосницата кај населбата Рача.

Според информацијата од охридскиот Сектор за внатрешни работи до несреќата дошло при судар на патничко моторно возило „мазда“ со охридски регистарски ознаки управуванo од Д.Н. од струшкото село Враништа и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц. од Охрид.






Притоа на лице место загинал мотоциклист, а смртта ја констатирал лекар од охридската Служба за итна медицинска помош.

Сообраќајот на магистралниот патен правец е во прекин, а полициска екипа во присуство на јавен обвинител врши увид на местото на незгодата.

 

Поврзани содржини