На регионален пат Радовиш – планина Плачковица, на место викано „Еренџе“, се случила сообраќајна незгода во која загина мотоциклист, информира МВР.
– Сообраќајката се случила помеѓу мотоцикл „јамаха“, со радовишки регистарски ознаки, управуван од Б.Е.(38) од Радовиш и патничко возило „голф“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од И.А.(28) од Радовиш. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Штип, каде им подлегнал на повредите. Со телесни повреди се здобиле И.А. и сопатниците В.Ј.(28) и М.С.(25), кои биле пренесени на лекување во Медицински центар Штип – велат од МВР.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Радовиш.