ЗАГИНА МЛАД МОТОРЏИЈА ВО КУМАНОВСКО Удрил во бетонски столб, починал на лице место
На локалиот пат од селото Орашац, Кумановско, кон регионалниот пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од селото Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски столб, соопшти полицијата.
Загина млад моторџија од кумановското село Доброшане. Изгубил контрола врз моторот, излетал од патот и удрил во бетонски столб.
„На 3.6.2025 околу 21 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалиот пат од селото Орашац, Кумановско, кон регионалниот пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од селото Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, соопшти полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.