Загина градежен работник во Пробиштип
Случајот, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, го пријавил С.Т. (27) од Пробиштип во полициската станица во градот.
Шеесет и тригодишен работник од село Злетово загина откако се здоби со повреди при изведување градежни работи во фабрика во Пробиштип.
Kако што соопшти полицијата, случајот го пријавил С.Т. (27) од Пробиштип во полициската станица во градот.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција