Ќерката на американскиот рапер Ерик Б, Ерика Суприм Бариера (28) загина во сообраќајна несреќа во понеделникот вечерта во САД.
Според полицискиот извештај, нејзиниот автомобил застанал на патот па на неа налетал камион кој не успеал да запре.
Во неделата вечерта таа се движела по средната лента на коловозот и поради непознати причини ја намалила брзината, а во нејзиното возило удрил камион. Возачот на камионот не е повреден во судирот, а Ерика починала при пристигнувањето во болницата.
Оваа вест ја потврди познатиот рапер Ерик, кој се збогува од својата ќерка.