ЗАГИНА 65-ГОДИШЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ Тешка сообраќајна несреќа кај Кочани

На локалниот пат Кочани-Брана Гратче вчера се случил сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б. (51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ. (65) од Кочани.

289

Загина 65-годишен велосипедист во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера кај Кочани.

„На 20.7.2026 година околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани-Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б. (51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ. (65) од Кочани. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал велосипедистот, а лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт“, соопшти полицијата.






По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани, се додава во соопштението.

 

Поврзани содржини