ЗАГИНА 51 ЛИЦЕ, НАД 100 СЕ ПОВРЕДЕНИ Тошковски вели дека веќе има приведени за трагедијата во Кочани

Дел од лицата кои се во рамки на соодветна постапка се приведени и дел од организаторите се тешко повредени. Во координацијата сме со Јавното обвинителство и наскоро ќе излеземе со повеќе информации. Ќе мораме да работиме чекор по чекор, изјави министерот за внатрешни работи и најави нови информации за јавноста на секој час, час и половина.

742

Во трагедијата во Кочани животот го загуби 51 лице, а повредени се повеќе од 100 лица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција. Toj рече дека неколку лица веќе се приведени во врска со случајот и дека МВР ги презема сите мерки за истражување на причините за оваа трагедија.

Тошковски изрази длабоко сочувство до фамилиите на загинатите и на повредените.






Министерот потврди дека искри од пиротехника се причина за пожарот.

– Дежурен јавен обвинител е излезен на самото место, веќе се работи на случајот. Во овој момент најбитно е да бидеме смирени во насок на преземање на сите чекори. Секој еден кој погрешил ќе сноси одговорност. Секако ќе мора се изврши обдукција за идентификација на починатите. Починати лица имаме во повеќе болници. Ќе имаме информации за јавноста на секој час, час и половина.

Министерот откри дека дел од организаторите се меѓу повредените.

– Дел од лицата кои се во рамки на соодветна постапка се приведени и дел од организаторите се тешко повредени. Во координацијата сме со Јавното обвинителство и наскоро ќе излеземе со повеќе информации. Ќе мораме да работиме чекор по чекор.

Министерот истакна дека секој еден од нас треба да чувствува морална одговоросност за ваква трагедија.

– Секој во изминатите 30 години.

Тошковски не одговори на прашањата во врска со евакуацијата од дискотеката велеќи дека наскоро ќе има детали.

Министерот исто така обзнани дека според негови информации засега има доволен број на крвни единици за повредените.

 

Поврзани содржини