ЗАГИНА 42-ГОДИШНА ПРИЛЕПЧАНКА Возило удрило во нејзиниот велосипед

221

Вчеравечер околу 19.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на улицата Александар Македонски во Прилеп, патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од село Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп.

Од здобиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.






Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција, информира МВР.

Поврзани содржини