ЗАГИНА 38-ГОДИШНИК ВО СООБРАЌАЈКА ВО КРАТОВСКО Двајцата возачи се пренесени на Клинички
Во судирот на самото место починал 38-годишниот сопатник во „фиат добло“, А.А. од Скопје, јави МВР во официјалното соопштение.
Една човечка жртва и две тешко повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне кај местото Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки управувано од 54-годишниот Љ.Т. од Скопје се судрило со патничко возило „дачија сандеро“ со кавадаречки регистарски ознаки, зад чиј волан бил 33-годишниот С.В., исто така од Скопје.
Во судирот на самото место починал 38-годишниот сопатник во „фиат добло“, А.А. од Скопје, јави МВР во официјалното соопштение.
Двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди и веднаш биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде се наоѓаат под лекарски надзор.