ЗАГИНА 37-ГОДИШЕН МОТОЦИКЛИСТ ОД ГЕВГЕЛИЈА Излетал со „кавасаки“ од патот, починал во болница

Според полицијата С.Ф.(37) од Гевгелија вчера со мотор излетал од патот и се здобил со тешки повреди, од кои починал.

555

С.Ф. (37) од Гевгелија вчера им подлегна на повредите откако изгуби контрола врз мотоциклот „кавасаки“ и излета од патот на делницата од село Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, соопшти денеска од СВР Струмица.

Според полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19.22 часот починал.






Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

На местото на несреќата е извршен увид од јавен обвинител и од увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Поврзани содржини