ЗАГИНА 33-ГОДИШЕН МОТОРЏИЈА ВО СТРУМИЧКО Излетал од патот, починал на лице место

На 15.07.2025 година во 23.45 часот во полициската станица во Струмица е пријавено дека во селото Штука, З.С.(33) од село Иловица, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, соопшти полицијата.

409

Млад мотоциклист од селото Иловица загина синоќа во селото Штука, Струмичко. Изгубил контрола врз моторот, излетал од патот и загинал на лице место.

„На 15.07.2025 година во 23.45 часот во полициската станица во Струмица е пријавено дека во селото Штука, струмичко, З.С.(33) од село Иловица, управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото на несреќата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Струмица“, соопшти полицијата.






Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на обвинителот, телото на загинатиот е дадено на обдукција.

 

Поврзани содржини