Загина 21-годишен возач откако со камионот паднал во Вардар, повреден совозачот

Совозачот 19-годишниот Д.Е. од село Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино.

483

Едно лице загина, а едно се здоби со тешки телесни повреди, во несреќа која се случила во кумановско.

– На 21.07.2021 околу 12.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од 21-годишниот П.М. од село Сопот, кавадаречко, додека вршело ископ во водите на реката Вардар, во атар на село Црвени Брегови, паднало во реката. Притоа, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот, 19-годишниот Д.Е. од село Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – информира МВР

Поврзани содржини