ЗАГИНА 19-ГОДИШНО МОМЧЕ Било сопатник во возилото, возачот е повреден

244

Деветнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа откако вчера возило излета од регионалниот пат Куманово – Липково, соопшти МВР.

Според полицијата, на 18.06.2024 во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во селото Оризаре, Липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од селото Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот.






Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт.

Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Поврзани содржини