ЗАГИНА 19-ГОДИШНА ДЕВОЈКА КАЈ САРАЈ Трите сопатнички се повредени откако „БМВ“ излетало од патот

590

На 06.06.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 16.20 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од село Семениште, општина Сарај, излетало од патот и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од село Семениште и била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што во 17.40 часот лекар констатирал смрт. Додека, со телесни повреди се здобиле сопатничките А.М.(21), А.М.(21) и Р.М.(24), сите од село Семениште, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, информира МВР.






Поврзани содржини