ЗАГИНА 18-ГОДИШНО МОМЧЕ Со возило излетало од пат кај Љубанци

518

На 10.07.2024 околу 10 часот во СВР Скопје, Ѓ.Т.(50) од село Љубанци, скопско, пријавил дека околу 07 часот на место викано Бозиште, скопско, неговиот син Д.Т. (18) со патничко возило излетал од шумски пат, по што починал, информира МВР.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.






Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Поврзани содржини