Руската инфлуенсерка Анастасија Тропицел почина на 18-годишна возраст во несреќа во Бали.
Анастасија и нејзиното момче Виктор Мајданович (30) се возеле мотори еден покрај друг, пишува „Дејли мејл“. Виктор раскажал дека нејзиниот мотор Кавасаки почнал да се занесува при брзината од 96 километри на час и таа наскоро изгубила контрола и се забила во оградата. Притоа, Анастасија се здобила со тешки повреди на главата, поради кои починала.
Од Анастасија се збогува нејзината мајка на нејзиниот инстаграм-профил, на кој има 1,2 милиони следбеници.
„За жал, нашата Настенка повеќе не е со нас. Не можам да верувам. Мама“, напишала таа.
Нејзиното момче Виктор исто така се простил од неа:
„Мојата сакана девојка повеќе не е со нас“, напишал тој.
Инаку, Анастасија е блогерка уште од 12 години и стана милионерка на 15 години. Нејзините бројни обожаватели се збогуваат со неа. Русинката неодамна го привлече вниманието на јавноста расправајќи се со нејзиниот татко кој ја навредуваше.
– Бизнисот ти се распаѓа. Твојата екипа само се забавува на твоја сметка. Не ги довршуваш своите нови проекти… Не е пријатно да го слушам тоа, но се надевам дека ќе биде корисно – ѝ рекол тој.
Анастасија му возвратила на татка си и истакнала дека тој емотивно ја уништил и ја изневерил.
FOTO: Instagram