Загадувањето во Кина се врати со отворањето на економијата

Скокот по падот до 40% доаѓа откако фабриките повторно почнаа да работат и сообраќајот се врати на патиштата.

233

По враќањето, кинеската економија со себе донесе несакана последица. Загадувањето на воздухот во земјата се врати на нивото пред блокадата.

Најголемите загадувачи го надминаа нивото на концентрација од пред една година за прв пат откако блокадата од ковид-19 започна во јануари, се вели во новиот извештај на Центарот за истражување на енергија и чист воздух.






Скокот по падот до 40% доаѓа откако фабриките повторно почнаа да работат и сообраќајот се врати на патиштата.

Зголемувањето на загадувањето е показател дека економското закрепнување го водат најзагадувачките сектори, рече Лори Миливирта, виш аналитичар на центарот.

Исто така, ги оправдува стравувањата на многу екологисти дека пост-вирусните стимуланси ќе влијаат многу на тешката индустрија, слично на она што се случи по финансиската криза во 2008 година, пренесува „Блумберг“.

– Зголемувањето на нивото на загадување е пример за тоа како зелената економија и чистата енергија мора да бидат приоритет во закрепнувањето од ковид-19 кризата. Сите очи се насочени кон Кина како прва голема економија што работи откако беше блокирана – рече Миливирта во извештајот.

Просечното ниво на азотниот диоксид и озон во последните 30 дена веќе го надминува нивото од минатата година, покажуваат податоците на 1.500 станици за надзор на квалитетот на воздухот низ целата земја, според центарот.

Сулфур диоксидот и нивото на честички во воздухот се повисоки отколку во јануари, кога владата започна да го ограничува движењето за да го забави ширењето на коронавирусот.

За време на блокадата, нивото на азот во Кина падна за 40%, додека оние на јаглерод диоксид паднаа за 25%.

Загадувањето се зголеми повеќе во областите каде јагленот е главен извор на енергија, се вели во извештајот.

Во градовите како Пекинг и Шангај, направени се напори да се замени јагленот со почисти форми на енергија, а загадувањето сè уште останува пониско од минатата година.

Поврзани содржини