ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ БЕБИЊАТА Нова студија предупредува нa можност од зголемување на алергиите
Изложеноста на загаден воздух може да го зголеми ризикот од алергии, дебелина, дијабетес и да влијае на развојот на мозокот кај новороденчињата, покажала новата студија.
Истражувачите од Универзитетот во Колорадо Болдер тврдат дека постои врска помеѓу загадувачиte што се вдишуваат, како што се оние од сообраќајот, шумските пожари и индустријата, и промените во микробиолошкото здравје на доенчињата во првите шест месеци од животот.
„Нашата студија е додаток на сè побројната литература која покажува дека изложеноста на загаден воздух, дури и за време на детството, може да го промени цревниот микробиом, со важни импликации за растот и развојот“, вели авторката на студијата Тања Алдерете, универзитетски доцент по интегративна физиологија.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.