ЗАГАДУВАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ПРОБЛЕМ И ОВАА СЕЗОНА Од Град Скопје велат дека голем број граѓани поради кризата ќе се греат на дрва

Според информациите на седницата која треба да се одржи в среда, а кога треба да биде изгласан буџетот на Град Скопје за идната година, во него се предвидени трипати помалку пари за животна средина споредено со оваа година. Во ставката за животна средина се предвидени 73 милиони денари, а оваа година по овој основ беа предвидени 213 милиони денари.

385

Oд Град Скопје велат дека поради економската криза и најавеното зголемување на цената на струјата дополнително ќе влијаат врз загадување на воздухот, поради тоа што голем број граѓани годинава се решиле да се греат на дрва што придонесува за зголемено загадување.

– Покрај неодговорната работа на претходното градско раководство, сигурен проблем во справувањето со загадениот воздух оваа зима ќе биде и економската криза која директно удира по граѓаните. По најавите за драстично зголемување на цената на електричната енергија, дел од граѓаните најавуваат дека за огрев  ќе користат дрва, што дополнително негативно ќе се одрази на загадувањето на воздухот – се вели во соопштението од Градот.






Според информациите на седницата која треба да се одржи в среда, а кога треба да биде изгласан буџетот на Град Скопје за идната година, во него се предвидени трипати помалку пари за животна средина споредено со оваа година. Во ставката за животна средина се предвидени 73 милиони денари, а оваа година по овој основ беа предвидени 213 милиони денари.

Во соопштението од Град Скопје се вели дека претходната градска власт не направила ништо за решавање на проблемот со загадување, а новото раководство веќе започнало со сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух.

– Уште во првите денови од својот мандат, градската администрација почна  интензивно да ги чисти сите диви депонии кои беа детектирани на територијата на Град Скопје. Преку модернизација на јавниот превоз, директно да се влијае и да се подобри квалитетот на воздухот. Покрај тоа, планирани се нови велосипедски патеки, субвенции за купување на велосипеди и електрични тротинети, со што ќе се мотивираат граѓаните да користат алтернативен превоз. Град Скопје во план има и изградба на пет мега паркови, со што ќе се зголеми зеленилото во градот – велат од Град Скопје.

Дополнително, Градот започна и зголемен и неселективен инспекциски надзор и воспоставување на системски решенија, со што секое физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа директно влијае врз загадување на воздухот, ќе биде казнето со високи глоби. За прв пат неселективно се изрекуваат драконски казни за загрозување на животот и здравјето на граѓаните, а една  беше изречена неодамна во износ од 88.000 евра.

Поврзани содржини