Зафир Хаџиманов погребан во Алејата на заслужните граѓани во Белград

914

Македонскиот кантавтор и актер Зафир Хаџиманов почина поради компликации со коронавирусот на 27 март.

Погребот беше одржан денеска на Новите гробишта во Белград, а неговата урна беше положена во Алејата на заслужните граѓани.






Хаџиманов беше испратен на вечното почивалиште во кругот на најблиските членови на семејството и пријателите, бидејќи условите поради пандемијата на коронавирусот не дозволуваат поинаку. А, како што најави неговиот син Васил, по пандемијата тој ќе биде испратен „како што доликува“.

Зафир Хаџиманов беше филмски актер, пејач, композитор и sвезда на југословенската шансона. Во 1967 година, на фестивалот во Варадеро, Куба, беше прогласен за најпопуларен пејач. Одеше на турнеи во СССР, снимаше телевизиски емисии. На фестивалот во Опатија во 1969 година, ја изведе шансоната „Беше мај“, неговиот најпознат евергрин.

 

Поврзани содржини