ЗАЕВИ ВИ ЧЕСТИТААТ НОВА ГОДИНА ОД ГАРМИШ ПАРТЕНКИРХЕН На гости се кај газдата на „Зобек мајнинг“, Колашинац
Поранешниот премиер е екслузивен гостин на имотот на пребеганиот Енис Колашинац од „Зобек Мајнинг“, осомничен за милионски злоупотреби во РЕК Битола, тврди Вечер.
Зоран Заев, екс премиер со златен егзил и згради во Дубаи, ви ја честита Новата 2026 година со слика од Германија, во ексклузивното скијалиште Гармиш Партенкирхен, до Минхен, каде што е екслузивен гостин на имотот на пребеганиот Енис Колашинац од „Зобек Мајнинг“, осомничен за милионски злоупотреби во РЕК Битола, тврди Вечер.
„Немаме информација дали таму пристигнал директно од Дубаи или од некоја друга егзотична дестинација, но двете први дами на семејствата секако ги потврдуваат силните врски меѓу двете семејства. Од пред неколку денови, друштво им прави и лидерот на СДСМ Венко Филипче“, објави Вечер.