ЗАЕВ ЗГРЕШИ КОГА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД СДСМ Лошите резултати на изборите влечат корен од 2021 година, тврди Славјанка Петровска
Се проценуваше дека со оставката или со повлекувањето на Зоран Заев од функцијата лидер и премиер ќе се надминат проблемите. Но, се виде дека погрешна одлука, или недоволна анализа на резултатите доведоа до одредени процеси и затоа денеска во 2024 година резултатите се катастрофални за СДСМ, истакна Славјанка Петровска.
Пратеничката од СДСМ и една од кандидатите за партиски лидер, Славјанка Петровска, смета дека со оставката на Зоран Заев од лидерската позиција се мислело дека ќе се решат проблемите во партијата.
– Можеби е една од грешките во 2021 година, уште тогаш имавме лош резултат на локалните избори. Се проценуваше дека со оставката или со повлекувањето на Зоран Заев од функцијата лидер и премиер ќе се надминат проблемите. Но, се виде дека погрешна одлука, или недоволна анализа на резултатите доведоа до одредени процеси и затоа денеска во 2024 година резултатите се катастрофални за СДСМ – рече Петровска за „Дејли клик“.
Таа додава дека не сака тоа да му се случува на СДСМ.
– Мотивацијата за тоа да се кандидирам за претседател на СДСМ, освен стажот, пред сѐ го црпам од тоа дека сега е времето, особено и заради овој лош резултат меѓутоа и заради сите општествени околности, но и сум подготвена да преземам одговорност да бидам предводник на реформите и предводник на промените кои неминовно мора да се случат – порача Петровска.