Заев заигра на антибугарскиот сентимент
За една работа СДСМ никогаш не била обвинувана, а тоа е дека е ксенофобна и националистичка. За жал, со Заев и тоа дно е сега пробиено.
Прашањето кое најдиректно ни се наметнува е дали после копирање на сите инструменти на владеење на Груевски, власта на Зоран Заев конечно влегува во својата националистичка и ксенофобна фаза, и тоа го прави заради еродираниот политички консензус, пропаднатите ветувања и неуспешните економски и европски политики?!
Тоа го прават во време на локални избори и за спас на еден ионака очаен резултат.
Јасно е дека добро сфатиле оти грешките, пропустите и попуштањата кон Софија сериозно ја нагризле поддршката кај електоратот, па сега се обидуваат да превртат нешто што било државна политика, и тоа го прават заради партиските интереси на локални избори.
Тоа се вика заробена држава!
Веројатно и одлично знаат дека за датумот и европската иднина нема да се одлучува во нивен мандат, па решија вака лесно и недржавнички да ја отфрлат досегашната нивна позиција и да заиграат на антибугарскиот сентимент.
За една работа СДСМ никогаш не била обвинувана, а тоа е дека е ксенофобна и националистичка. За жал, со Заев и тоа дно е сега пробиено.
(ФБ статус на авторот)