Заев за тепањето на Ромите: Срам за полицијата

399

Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е за најсилна осуда, напиша на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

– Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста. За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот – напиша Заев и додаде дека е волжено многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и дека нема да дозволат, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна.






Бруталноста од страна на полициски службеници врз граѓани Роми, што ја видовме вчера во видеото на социјалните мрежи, е…

Zoran Zaev 发布于 2020年9月24日周四

Поврзани содржини