Заев за „Северномакедонците“ на Трифонов: Се работи за незнаење, очекувам да си ја исправи грешката

Не е во ред до секој претседател на политичка партија да испраќаме реакции, но ако треба и тоа ќе го правиме, порача премиерот Зоран Заев.

799

Не е добро да се испраќаат реакции до сите лидери на политички партии, но во случајов се работи за класично незнање, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања за изјавата на лидерот на бугарската партија Има таков народ, Слави Трифонов, кој нè нарече „Северномакедонци“.

– Не е во ред до секој претседател на политичка партија да испраќаме реакции, но ако треба и тоа ќе го правиме. Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и живееме во Република Северна Македонија. Верувам дека се работи за незнаење, оти станува збор за две пријателски земји кои никогаш немале проблеми и секогаш сме биле нарекувани Македонци кои зборуваат македонски јазик. Очекувам од Трифонов да си ја исправи грешката, затоа што тој е лидер на политичка партија која освои гласови во Бугарија, а нашата должност е да градиме пријателства и добри односи – рече Заев.

Поврзани содржини