ЗАЕВ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Не можам да кажам не, ако граѓаните гласаат спротивно на очекуваното
Премиерот и лидер на СДСМ очекува победа на локалните избори.
Не може да се исклучи дека ќе има предвремени парламентарни избори , по локалните, доколку граѓаните покажат дека не се согласуваат со политиките на СДСМ, рече денеска премиерот Зоран Заев во гостување на телевизија Сител .
– Нашите очекувања според сите анализи, нели на крајот граѓаните одлучуваат, укажуваат дека ќе имаме најмногу градоначалнички места, најмногу советнички места и најмногу гласови за нашата Коалиција. И тоа се очекува да биде така. Второ, пред една година граѓаните одлучија на избори, навистина на Македонија ѝ треба период да работиме на реформи, на економијата, на економскиот стандард на граѓаните и треба тоа да го искористиме. Што не може да кажам и не, кога пораката на граѓаните преку гласањето биде навистина спротивно од тоа што ние го очекуваме, секој пат се отворени се отворени сите можност. Но дефинитивно секој пат сум насочен кон иднината, кон унапредување и така добрата соработка меѓу централната и локалната власт – рече Заев.