Заев за последната „бомба“: По долго седење во кафеана, се случуваат грешки

2,656

Последната „бомба“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во која вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“ и после „мамата ќе им ја ебел“ била последица на долго седење во кафеана.

– После два саати и 17 минути во кафеaна на слободен разговор, се случуваат грешки. Времето покажа дека никогаш не сум имал непријатности, туку напротив имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја – рече денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање.






Заев додаде дека за ова веќе се извинил преку својот профил на Фејсбук и дека членовите на „Шарената револуција“ тоа го прочитале.

 

Поврзани содржини