Заев за навредите изречени во новата „бомба“: Лошо сум се изразил, имам почит со сите наши коалициски партнери
Лошо сум се изразил во разговорот од 2016 година кој денес е објавен на курирските портали. Но, наспроти тие неколку несоодветни зборови, во изминативе три години стојат на виделина сите добри односи, почит и достојна соработка со сите наши коалициони партнери, пишува Зоран Заев, лидерот на СДСМ на Фејсбук попладнево, откако денеска беше објавена нова „бомба“ објавена на Јутјуб, на која се слуша гласот на Заев, како вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“ и после „мамата ќе им ја ебел“ на сите.
„Низ конкретни дела секој ден градам човечки и пријателски односи со сите мои партнери и соработници, затоа нашата коалиција постојано расте, затоа нашето мнозинство победува“, пишува Заев.
Во „бомбата“ Заев тврди дека тој ја „регистрирал“ Шарената револуција и спомнува бројка од 4,8 отсто… Откако вели дека сѐ ќе собере, тој додава дека после мамето ќе им го ебе на сите кои ќе влезат кај него во коалиција.
За владиката Наум, Заев вели дека бил со сите бои измачкан, дека бил близок „со Хари, Мари“ и додава: „Не знам дали повеќе поминува време со Мијалков или со мене“.