Заев за напролет најави рестарт на економијата

1,008

Главен таргет на петтиот пакет мерки се најпогодените од економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а тоа се над 30 проценти компании заради поддршка на работните места и работниците преку плати, коишто се движат од нето до бруто плата, од 14.500 до 21.778 денари. Во тек е и анализа за определување на целните групи на кои им е најпотребна финансиска или друга помош.

Ова во интервју за МИА го изјави премиерот Зоран Заев, во врска со средствата резервирани за ковид програмата за оваа година и начинот на кој ќе се трошат.






По празниците тој најави констултации со синдикатите, со претставниците на другите социјални партнери, стопанските комори и други со цел внимателно да се таргетираат најпогодените.

Заев вели дека државата има проектирано средства за оваа намена во Буџетот за 2021 година, а сите ресори имаат свои резервоари за помагање.

– Една милијарда и 150 милиони евра се доделени по сите основи, кои досега ги развивме како пакети и продолжуваме понатаму, секако со надеж дека ќе дојде вакцината и сето ова ќе заврши во првото полугодие. Ние сме тука, финансиски сме ликвидни и солвентни. Граѓаните навремено си ги плаќаат своите давачки, државниот Буџет е стабилен и ги создаваме сите услови напролет да направиме еден убав рестарт на нашата економија – вели Заев во интервјуто за МИА.

Заев кон крајот на минатиот месец најави дека државата има веќе резервирано 50 милиони евра за ковид-програма за 2021, дополнително 17 милиони се за плати, а во самите ресори има 30 милиони.

Поврзани содржини