Заев: За лична употреба секој граѓанин ќе може да одгледува 2-3 стебла канабис

Тој посочи дека со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и развој на одредени стопански гранки.

1,939

Премиерот Заев на денешната седница во одговор на пратеничко прашање рече дека со легализацијата и декриминализација на канабисот се отвора можност, секој граѓанин, за своја лична употреба да може да огледува одредена количина на канабис.

– Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично, целта е да се овозможи на секој граѓанин на пример од две до три стебла под контрола на агенцијата која што е предвидена во самиот закон за сопствена потреба да може да ги користи или пак може да ги делегира на компанија да ги одгледува за него како што и сега се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично – порача премиерот Заев.






Заев посочи дека со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и развој на одредени стопански гранки.

– Легализацијата на марихуаната во државата која што треба да има конечна цел за развој на угостителството и туризмот на сите наши услужни дејности кои што дефинитивно многу малку партиципираат во севкупниот БДП на државата односно околу 4%. Во Холандија во БДП, услужните дејности учествуваат повеќе од 60%, во земјите насекаде е 25, 45, 35 отсто, ние немаме море, немаме пристаништа, немаме извори на нафта да го развиваме нашиот економски сектор и ова е добар потенцијал што државата може да го искористи за развој на економијата за отворање на нови работни места за развој на туризмот“ – оцени премиерот Заев додавајќи дека искуствата покажале дека во сите земји каде што употребата на канабис е легализирана, за 30 до 50 отсто е опаднато користењето на хероин, на кокаин и на сите други тешки супстанци и дроги.

Поврзани содржини