Заев за изборната листа во Охрид: Тоа е порака за партијата, ќе разговараме со овие луѓе
Заев очекува и натаму да соработува со Радмила Шекеринска која најави дкеа веќе нема да се кандидира за партиски функции.
СДСМ е единствен и тоа сме го покажале во нашето секојдневно функционирање, но сме различни од сите по нашите различни ставови што не прави демократска партија, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по информацијата дека видни членови на СДСМ од Охрид формирале своја листа за локалните избори.
Тој рече дека ќе разговара со видните членови на СДСМ од Охрид.
– Листите од познати членови на партијата во Охрид се порака за нас и ќе разговораме со сите во СДСМ зашто СДСМ секогаш ги извојувал победите заеднички и заеднички ги реализирал промените. Има доволно време до изборите и ќе го искористиме за разговори – рече Заев.
Заев очекува и натаму да соработува со Радмила Шекеринска која најави дкеа веќе нема да се кандидира за партиски функции.
За Заев е рано да се каже дали за следните локални избори ќе оди во коалиција со партии на Албанците во земјава, но во преден план, како што рече, е Конгерсот кој ќе се одржи во мај.
– Тенденцијата ни е сполотено заедно со сите како едно општество за сите. Уште сега го испраќам повикот за соработка до сите предизборно или постизборно – рече Заев.
Тој рече дека очекува собранието да се одблокира и да се реализира она што е договорено со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.