Со мене пред 27 април и на 27 април не е разговарано за широка коалиција. Можеби со некој друг тогаш разговарале.
Ова го изјази премиерот Зоран Заев за „Фокус“, по денешно сведочење на поранешниот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров на судењето за „Организаторите на 27 април“, дека во тој период биле на добар пат да се договорат за широка коалиција.
– Имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалиција – сведочеше Тодоров.