Заев за денот на изборите: Пенкало од 5 денари за секој гласач!
Ако е потребно државата може да купи пенкало посебно за секој гласач. Може да издвои пари за тоа, чинам има пенкала за 5 денари - рече Заев.
Гласањето нема да биде проблем, бидејќи ќе го спроедеме според протоколите на Комисијата за заразни болести, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во денешното гостување на „Топ тема“ на Телма.
Тој истакна дека на влезот на секое гласачко место луѓето ќе ги дезинфицираат рацете, во просториите за гласање сите ќе носат маски, а за идентификација, како што објасни, покрај личната карта ќе треба гласачите на кратко да ја симнат маската од лицето за да се провери дали се работи за вистинскиот човек.
– На палецот ќе се прска спреј како и на претходните избори, а секој гласач ќе гласа сам зад параван. Ако е потребно државата може да купи пенкало посебно за секој гласач. Може да издвои пари за тоа, чинам има пенкала за 5 денари – рече Заев.
Тој говореше и за начинот на кој СДСМ најверојатно ќе ја води изборната кампања.
– Нашата партија својата изборна програма овојпат ќе ја претставува преку видео-пренос од седиштето, а носителите на изборните единици по пат на видео ќе претставуваат што ќе им понудат на граѓаните за да ја добијат нивната доверба – истакна Заев.