Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека лидерот на ДУИ Али Ахмети целосно прмашил во тврдењето дека пиел ракија пред митинг, а потоа се каел за кажаното.
– Ако некој не пие алкохол, Зоран Заев е тоа. А, ја погоди работата човекот. Промашил комплетно. Значи Зоран Заев може со македонско вино, домaшна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол не сум бил никогаш пијан во животот – рече Заев во изјава за ТВ21.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа во гостување на телвизијата Сири во Албанија рече дека, Заев пред митинг пиел неколку чашки ракија, а потоа се каел за тоа што ќе го кажел на митингот.