Заев, Вучиќ и Рама на форум за млади лидери, Ѓукановиќ им откажа во последен момент

288

Во организација на Европското движење во Србија се одржа интернет-конференција на Регионалниот форум за млади лидери посветен на регионалната економска соработка во услови на пандемија, на која учество зедоа лидерите на Македонија, Србија и Албанија, Заев, Вучиќ и Рама, а претседателот на Црна Гора Ѓукановиќ во последен момент го откажал учеството.

На дебатата се разговараше и беа презентирани заедничките заклучоци кои лидерите на Македонија, Србија и Албанија Заев, Александар Вучиќ и Еди Рама ги дискутираа на трилатералната средба минатиот петок во рамките на обновената иницијатива за регионална соработка.






„Во услови на криза нашите држави работат и сме во постојана комуникација помеѓу себе. Координираните одговори на најголемите предизвици кои се исправија пред нас донесоа и придобивки. Ја зајакнавме соработката, покажавме висок степен на солидарност и капацитет на носење одлуки за граѓаните на нашите земји. Младите мора да бидат дел од овие процеси.Потребна е нивната креативност, енергија и капацитет да ги согледуваат пречките како можности, затоа што во нив ги полагаме сите надежи дека ќе успеат да ги финишираат сите интеграциски процеси кои сме ги отпочнале пред неколку декади”, рече Заев

Поврзани содржини